X
 06.05.2015 Живот

Денес темератури до 35 степени, за викенд дестабилизација на времето



Во Македонија во среда ќе биде претежно сончево и топло со повисоки дневни температури и жолта предупредувачка фаза поради истите. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер.

Утринските температури од 8 до 18 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 24 односно до 35 степени. УВ индексот ќе има висока вредност и ќе изнесува 7, затоа внимавајте на изложеноста на сонце во периодот од 11 до 17 часот.

СКОПЈЕ
Во Скопје во среда сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 15 степени, а дневната ќе достигне до 32 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
Во четврток претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици со услови за појава на невреме. Дневните температури ќе се движат од 21 до 32 степени.

Во петок претежно сончево со локална облачност и посвежо со пад на температурите. Утринските температури од 4 до 15, а максималните дневни температури ќе достигнат до 17 односно до 28 степени.

Во деновите од викендот не очекува нестабилно со време со врнежи од дожд и со пад на дневните температури. Во сабота тие ќе се движат од 15 до 26 степени, а во недела од 10 до 21 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот