X
 13.05.2015 Живот

Капитол Мол ќе го одбележи 15 мај меѓународниот ден на семејството, со бројни поволности за посетителите



Капитол Мол како трговски центар кој е семејно ориентиран и уникатен во пристапот до своите потрошувачи, се реши да го одбележи 15 мај (петок) меѓународниот ден на семејството, со бројни попусти и поволности за своите посетителите. Попусти ќе бидат овозможени во дел од рестораните кои се наоѓаат на третиот кат, во омиленото Кампионе кафе, во кугланата доколку сакаат активно да спортуваат во друштво, во игротеката Кидс Парк, во одредени продавници, а ќе има и вкусни подароци во текот на денот. Со ова воден од своето мото “Твој мол. Твое место” Капитол мол сака барем малку да им возврати на своите посетители кои ја препознаа топлата и семејна атмосфера во Капитол Мол, и поради која редовно го посетуваат.  

“Нашето најблиско опкружување е полно со семејни луѓе, со ограничено слободно време, кои сакаат да поминат квалитетно време заедно со своите најблиски. А токму семејните вредности сакаме да ги негуваме и поддржуваме, поради што во нашиот фокус се различните семејни содржини, кои се трудиме постојано да ги подобруваме. И понатаму ќе се трудиме да бидеме трговски центар во кој посетителите ќе се чувствувата како дома, и за таа цел ќе понудиме различни активности и ќе продолжиме да создаваме топла, пријателска атмосфера”, изјави Даниела Адемовска- Сопственик и генерален директор на Капитол Мол

Возрасните можат да уживаат вежбајќи во фитнес центарот „Капитол фитнес и кросфит“, да се забавуваат во кугланата „4Болинг“, или ако сакаат да се релаксираат да ги пробаат гурманските специјалитети на ресторанот “Кампионе кафе“, а за децата забавата е постојано достапна во игротеката „Кидс парк“. Додека автомобилот е на миење во „Капитол карвош“, целото семејство заедно може да ги обиколи своите омилени брендови и на крај да го направи последниот шопинг во супермаркетот.

Капитол Мол - Несекојдневен и интересен начин да го поминете вашето семејно попладне во дружба со најблиските
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот