X
 04.08.2016 Живот

Какво време да очекуваме до крајот на неделата?



Денес е четврток, 4 август 2016 година, 217-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:26, а ќе зајде во 19:51 часот. Денот ќе трае 14 часа и 25 минути.

Сончево но малку посвежо утро имаме денеска во Македонија, само во југоисточните и источните предели има појава на локална облачност која што се намалува.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес под влијание на поле на висок воздушен притисок ќе биде претежно сончево и потопло со повисоки дневни температури. Ветерот ќе слабее, и ќе дува доумерен слаб сееврозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 10 до 21 степен, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 26 односно до 36 степени. УВ индекс 8.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево и топло. Слаб североисточен ветер. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна ќе достигне до 34 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – И во Македонија идентични временски услови. Во петок сончево и потопло време со пораст на максималните температури кои ќе достигнат до 28 односно до 38 степени. Во сабота претежно сончево со локална облачност и топло и дневни температури од 29 до 39 степени. Во недела и во понеделник умерено облачно со сончеви периоди и посвежо време со опаѓање на максималните температури. Локално ќе постојат услови за слаби врнежи од дожд. Во недела температурите од 25 до 35 степени, а во понеделник од 23 до 33 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот