X
 11.06.2015 Технологија

Добредојдовте во иднината... Ново од Самсунг!



Самсунг“ претстави нова серија прототипи на ОЛЕД-екрани во Хонг Конг кои имаат огледални и проѕирни површини. Не можете да го замислите тоа? Можеби затоа што навистина е неверојатно.

Новиот екран беше претставен како дел од виртуелна просторија за облекување, а на него секој може да го види одразот од себеси со накит или облека, на пример. Тоа е овозможено со 3Д-камерите од „Интел“. Беше претставен и друг екран кој е проѕирен.


Ваквите екрани не се револуционерни, но од „Самсунг“ велат дека овој екран е поостар, појасен и поквалитетен во однос на останатите, а проѕирниот екран е појасен и има подобри бои од своите ривали.

Несомнено, овие технологии наскоро ќе станат достапни за јавноста.



Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија