X
 09.11.2018 Технологија

Претставен свиткувачкиот телефон на „Самсунг“

„Самсунг“ одржа презентација на која го претстави револуционерниот мобилен телефон „Infinitiy Flex“ чија најзабележителна карактеристика е екранот кој се превиткува.

Јужнокорејскиот технолошки гигант конечно ги прекина неколкумесечните шпекулации во врска со телефонот.

Овој уред, кој функционира како паметен телефон и таблет, има AMOLED екран со големина од 7,3 инчи. На презентацијата во Сан Франциско не беа откриени премногу детали за самиот телефон, но познато е дека одеднаш можете да работите во три апликации.



Уредот се отвора како книга и се претвора во таблет.

Џастин Денисон, виш потпретседател за маркетинг на мобилните производи, истакна дека масовното производство ќе почне во следните неколку месеци.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија