X
 24.06.2015 Образование

УГД го објави конкурсот за упис на нови студенти

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за упис на нови студенти на сите 13 факултети и 3 академии при Универзитетот „Гоце Делчев“. Направени се одредени измени во согласност со потребите од високообразован кадар и во согласност со потребите на средношколците.


Одлуката на Владата на Република Македонија во која е утврден бројот на слободни места за упис на студенти на јавните универзитети за академската 2015/2016 година, односно бројот на слободни места кои ќе се финансираат од Буџетот на Република Македонија, се темели на резултатите од деталната анализа на потребите на пазарот на трудот во земјава и утврдувањето на дефицитарните занимања, односно занимањата кои се актуелни и/или ќе бидат барани во иднина, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука.

На УГД има вкупно 5.390 слободни места од кои 3.172 за редовни студенти во државна квота, 1.208 за редовни во квота со кофинансирање и 1.010 за вонредни.

Конкурсот можете да го најдете на следниов линк.

КОНКУРС за запишување студенти на прв циклус на студиските програми на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип во учебната 2015/2016 година

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование