X
 10.08.2015 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време не` очекува оваа недела?

Во Македонија во понеделник претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Во попладневните часови во западните и југозападни предели можни се локални врнежи од дожд и грмнотевици. Слаб северозападен и североисточен ветер. Температурите ќе бидат идентични како и денешните, утринските температури ќе се движат од 10 до 20 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 25 односно до 36 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје во понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна ќе достигне до 34 степени. УВ индекс 7.

 Во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Во попладневните часови во западните и југозападни предели можни се локални врнежи од дожд. Утринските температури од 11 до 21 степен, а максималните дневни до 26 односно до 37 степени. УВ индекс 8.

Во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Утринските температури од 13 до 23 степени, а максималните дневни ќе се движат од 27 до 38 степени. Ув индекс 8. Во четврток претежно сончево со локална облачност и топло. Утринските температури од 14 до 24 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 27 однсоно до 38 степени.

Во петок и сабота претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, во попладневните и во вечерните часови нестабилно со врнежи од дожд. Во сабота утринските температури од 12 до 22, а максималните до 27 односно до 38 степени, додека пак во недела утринските температури ќе се движат од 13 до 23 степени, а максималните дневни ќе бидата за некој степен пониски и ќе се движат во интервал од 25 до 36 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот