X
 10.04.2017 Живот

Неделна временска прогноза

Денес е понеделник, 10 април 2017 година, 100-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:57, а ќе зајде во 19:12 часот. Денот ќе трае 13 часа и 15 минути.

Првото утро во нова седмица го започнуваме со невообичаено ниски утрински температури за овој период од годината кои се под повеќегодишниот просек. Па пред нас е едно да кажеме студено и сончево утро.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по студеното утро и утринските температури кои се движат од -3 до 7 степени. Во текот на денот ќе биде сончево и топло време со пораст на максималните температури кои ќе го надминат просекот за овој период од годината и ќе достигнат до 14 односно до 25 степени. Ќе дува доумерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели слаб источен и понекаде североисточен ветер. УВ индексот денес ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ - Во Скопје по студеното утро во текот на денот ќе имаме сончево и топло време. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 5 степени, а максималната дневна ќе достигне до 22 степени. УВ индекс 6

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во вторник потопло утро со утрински температури од -1 до 7 степени, а во текот на денот ќе биде сончево и топло време со максимални 16 односно 26 степени. Во среда претежно сончево време со локална облачност и топло време. Утринските од 2 до 10 степени, а дневните температури ќе се движат од 14 до 24 степени. Во четврток сончево и топло време со максимални температури од 16 до 26 степени. Претежно сончево со појава на локална облачност не очекува во петок и благо опаѓање на дневните температури од кои ќе се движат во интервал од 12 до 22 степени

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот