X
 14.09.2015 Живот

Неделна временска прогноза



Во понеделник во раните утрински часови постојат услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Ќе дува доумерен слаб јужен и југоисточен ветер, додека пак во западните предели ќе дува доумерен слаб југозападен и западен ветер. Утринските температури ќе се движат од 6 до 16 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 23 односно до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје во понеделник по свежото утро, во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 11 степени, а максималната дневна ќе достигне до 30 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

Продолжува сончевото и топло време во текот на целата работна недела со температури кои што се карактеристични за овој период од годината. Во вторник и среда утринските температури од 9 до 19 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 25 односно до 35 степени.

Во четрвток максималните температури ќе достигнат до 26 односно до 35 степени, а во петок од 27 до 36 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот