X
 25.02.2016 Живот

Какво време да очекуваме во наредните 5 (пет) дена?

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и релативно топло. Слаб југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од -3 до 5 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 9 односно до 18 степени.

Во Скопје во утринските часови услови за појава на магла но и облачно. Во текот на денот претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 3 степени, а максималната дневна ќе достигне до 15 степени.

Во петок во Македонија се очекува продор на уште еден циклон кој ќе донесе нестабилно време со слаби врнежи од дожд во попладневните часови, претпладне се очекуваат и сончеви периоди. Максималните дневни температури ќе се движат од 9 до 17 степени. Во сабота и недела претежно сончево и топло со дневни температури од 11 до 19 односно од 12 до 20 степени. Во понеделник се очекува претежно облачно време, но во попладневните и во вечерните часови услови за врнежи од дожд ќе има во западните и северозападните предели. Температурите од 12 до 19 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот