X
 06.04.2016 Живот

Временска прогноза до крајот на неделата



Во Македонија во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне зголемување на облачноста, а во доцните попладневни часови во западните предели услови за нестабилна облачност која ќе услови локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 5 до 13 степени, а максималните температури до 19 односно до 28 степени. УВ индекс 5.

Во Скопје во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне зголемување на облачноста. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 11 степени а максималната дневна до 26 степени.

Во Македонија во четврток уште еден претежно сончев и надпросечно топол априлски ден. Во попладневните часови зголемување на облачноста. Максималните температури ќе се движат од 20 до 28 степени. Во петок и сабота Македонија ќе биде под влијание на циклонска циркулација од Медитеранот која ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд и пад на температурите. Во петок од 15 до 24 степени, додека пак во сабота тие ќе достигнат до 13 односно до 22 степени. Во недела претпладне со услови за слаби врнежи од дожд, попладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Дневните температури од 12 до 20 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот