X
 30.10.2015 Живот

Временска прогноза: Какво време не очекува овој викенд

МАКЕДОНИЈА - И во деенска, петок, 30.10.2015, во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и топло. Засилен ветер источен и североисточен ветер ќе дува во западните предели. Утринските температури ќе се движат од -3 до 8 степени, а пак максималните дневни температири ќе достигнат до 10 односно до 19 степени. Воздушниот притисок во пораст и ќе има вредност 1024 хектопаскали.




СКОПЈЕ - Во Скопје во петок во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево. Слаб ветер. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна ќе достигне до 17 степени.


МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Првиот ден од викендот ќе ни донесе претежно сончево време со локална облачност. Утринските температури од -3 до 8 степени, а максималните дневни температури ќе се движат од 8 до 17 степени.
Во недела утринска магла, во текот на денот претежно сончево. Утринските температури од -4 до 6 степени, а максималните дневни од 7 до 16 степени.

Во понеделник во Македонија ќе биде претежно сончево, со ниски утрински температури кои ќе се движат од -6 до 4, а максималните дневни температури ќе достигнат до 8 односно до 17 степени.

Извор: weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот