X
 20.11.2015 Технологија

Каде би сакале да работат вработените на Google, Apple и Amazon?

kompanija

 

Персоналот од високо бараните технолошки компании може да бидат убедени да ја напуштат компанијата ако една компанија ги исполнува нивните барања.


За многу лица кои бараат работа, процесот да се најде ново работно место е често управувано од репутацијата на добро познат бренд. Ова е особено точно во технолошкиот сектор, кадешто имињата на компаниите како Apple, Google, Facebook и Amazon се синоним за големи иновации. Врз основа на извештајот на Fast Companу, знаеме дека не постои најдобар начин да ја добиеме работата од соништата.

Неодамнешно истражување открива дека стапката на обрт на вработени меѓу Fortune 500 компаниите е најголемата во технолошката индустрија. Информациите исто така индицираат дека просечната работа за сите вработени денес е 3.68 години.

Платформата за огласи за работа Dice, анкетира повеќе од 1.600 професионалци во технологијата во Америка за да го измери нивното задоволство во работата. Dice откри дека 50% од вработените во технологијата велат дека би се преселиле во друг град за повисоко платени работни места.

Една од причините е рамнотежата меѓу работата и личниот живот или недостатокот на рамнотежа. Според истражувањата, 45% од вработените велат дека немаат ваков баланс такашто не е изненадувачки тоа што 27% од денешните професионалци велат дека балансот меѓу работата и личниот живот е само мит.

Затоа, не е чудно што голем број технолошки таленти мигрираат. Но, каде одат и што ги тера да направат скок?

Anthology, платформата за вработување за пасивните луѓе кои бараат работа анкетирала 1.500 сегашни вработени во Googl,e Micsoroft, Amazon, IBM, Oracle и Apple за да видат во која фаза компанијата би била доволно привлечна за да се вработат таму.

Културата на поттикнување на работниците во Google ја прави оваа компанија најпривлечна за останатите професионалци.

Да се биде дел од една компанија која е основана на претприемачки ментален склоп не е доволно во Apple, велат овие наоди. Вработените на Apple се повнимателни за тоа каде ќе се насочат следно. Само 28% се подготвени да ризикуваат и да си заминат, меѓутоа ако вложувањето е финансирано, 62% од нив велат дека ќе го земат во предвид.

Amazon ги наполни насловните страни во последно време поради неговото жестоко изложување на внатрешната култура.

Anthology открива дека 74% од моменталните вработени во Amazon повеќе сакаат да работат во поголема јавна компанија, а само 35% биле заинтересирани за напуштање на работното место за стартап која била во почетна фаза.

Вработените на IBM и Microsoft ќе се одлучат за потег ако постои поголема стабилност од ризик. Вработените на IBM се најмалку авантуристи отколку другите вработени во истржувањето, со само 23% од испитаниците изјавувајќи дека ќе се приклучат на стартап во почетна фаза. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија