X
 02.12.2015 Живот

Какво време да очекуваме во наредниот период?

/

Во утринските часови во западните предели се очекува појава на магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло за овој период од годината. Ќе дува доумерен слаб северозападен и западен ветер. Утринските температури од -3 до 6 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 8 односно до 17 степени.

Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 2 степени, а максималната дневна до 13 степени.

И во наредните денови над Македонија ќе се задржи поле на висок воздушен притисок кој ќе услови претежно сончево и топло време. Во овие денови во вечерните и во утринските часови ќе има појава на магла која по одделни котлини ќе се заджи во поголем дел од денот. Во четврток и петок дневната температура до 7 односно до 17 степени. Во деновите од викендот ќе биде претежно сончево со локална облачнот, по котлините магловитото време ќе се задржи во поголем дел од денот. Максималните дневни температури ќе се движат од 6 до 17 степени

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот