X
 02.03.2017 Живот

Какво време да очекуваме за викендот што следува?



Денес е четврток, 2 март 2017 година, 61-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:02, а ќе зајде во 17:29 часот. Денот ќе трае 11 часа и 27 минути.

Во утринските часови во Македонија имаме претежно ведро и посвежо утро. Појава на локална облачност имаме само во крајните североисточни предели.

МАКЕДОНИЈА – По свежото утро поради северното воздушно струење, а во текот на денот не очекува претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и топло време. Ќе дува доумерен северозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 20 км/ч. Температурите иако во опаѓање повторно ќе бидат над просекот за овој период од годината, утринските од -4 до 5 степени, додека пак максималните дневни од 8 до 18 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во четврток претежно сончево, ветровито и топло. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Минималната температура од 2 степени, додека максималната до 15 степени

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во петок и сабота по свежите но и потопли утра во текот на денот ќе биде сончево и топло. Во петок утринските температури од -3 до 6 степени, а дневните од 9 до 19 степени, додека пак во сабота минималните од -1 до 7 а пак максималните од 11 до 20 степени. Во недела се очекува зголемување на облачноста и умерено облачно време со повремени сончеви периоди но и топло со максимални температури од 12 до 21 степен. Умерено облачно време со сончеви периоди и посвежо се очекува во понеделник кога дневните температури ќе се движат од 9 до 18 степени, а во попладневните часови постојат и услови за локални врнежи од дожд.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот