X
 14.06.2017 Живот

Временска прогноза: Сончево и многу топло време

Денес е среда, 14 јуни 2017 година, 165-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 4:57, а ќе зајде во 20:12 часот. Денот ќе трае 915 минути.



 Во Македонија во среда претежно сончево и многу топло време. Попладне во северозападните, западните и југозападните предели развој на нестабилна облачност која што ќе услови умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици, локално во овие предели можна е и појава на невреме. Максималните температури од 26 до 36 степени. Речиси идентилно време и во четврток, претпладне претежно сончево, попладне во западната половина нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици но пониски дневни температури кои ќе достигнат до 22 односно до 32 степени. Во петок претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд насекаде  во Македонија. Утринските температури од 10 до 19 степени, а максималните од 23 до 33 степени. Во сабота умереноо облачно време со повремени сончеви периоди и свежо време со дневни температури кои ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 17 до 27 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот