X
 10.12.2015 Образование

Ана Јовковска: "В година очекувам луѓето да бидат поосвестени"

Aна Јовковска, новинарка и активистка, периодов е модератор на серија дебати на тема насилство врз жени и девојчиња, во рамките на глобалната кампања за борба против насилството.



Обидете се да ѝ се обратите и таа ќе Ви се насмевне и ќе Ви посака убав ден. Навидум толку природна и едноставна, но во себе носи жар кој може да пресуши мориња.

Овој пламен ја води низ она што го работи професионално и приватно. Истиот пламен во себе ги повлекува и сите во животот на Ана. А, луѓето во нејзиниот живот се бројни и имаат секакви приказни зад себе. Дејствувањето на Ана врз овие луѓе влијае на оние индивидуалци околу нив, а тие, пак, ги инспирираат сите околу нив... Така, Ана влијае на сите нас и секоја нејзина борба е и наша битка.

Што е она по што ќе ја паметиш 2015-та година (во општествено-политички контекст)?

Оваа година ќе ја паметам по искрата надеж од студентските простести! Студентскиот пленум ги пробуди заспаните убавици меѓу граѓаните и артикулира свежа, силна, бунтовничка и интелектуална енергија. Студентите не потсетија и одржаа лекција за важноста да се партиципира во донесувањето одлуки во општеството. Исто така годината ќе ја паметам и по бомбите чија содржина би сакала побрзо да ја избришам од клетките на мојата меморија. На личен план, 2015 ќе ја паметам по објавувањето на мојата книга „Пулсот и времето“ како заокружување на еден мој долг творечки процес.

Што очекуваш и што сакаш да се промени во 2016-та?

Оптимистката во мене очекува поосвестени луѓе, слободни граѓани, одговорни институции, конструктивни политичари, а не криминалци, искрени заложби, слобода...или со еден збор би сакала добро политичко здравје. Би сакала и повеќе паркови и зелени површини, а помалку споменици и асфалт, повеќе велосипедски патеки, а помалку булевари, повеќе книжарници, а помалку кафулиња, помалку задолжувања и поголема граѓанска солидарност. Би сакала да се промени барометарот за слобода!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование