X
 21.12.2015 Живот

Со неколку чекори сите можеме да го спасиме светот

Не постои сомневање дека климатските промени се вистински и дека се предизвикани од човекот. Додека ефектите се тука, најлошото допрва треба да дојде доколку човекот не направи некои реални промени.

 

okolina


За просечниот човек, ова може да е голема работа. После се`, ова е голем свет и понекогаш проблемите се чинат преголеми за еден човек да може да ги реши. Иако вистина е дека еден човек не може да реши се`, секој е во можност да преземе мали чекори кои ќе имаат голем придонес.

Ви нудиме неколку лесни чекори кои сите треба да ги преземеме за да се погрижиме за планетата.

1. Бидете свесни за тоа како одредени активности влијаат врз животната средина

Додека повеќето луѓе се свесни дека треба да се намали користењето на автомобили со цел да и` се помогне на животната средина, други работи не се широко познати. Балоните кои се испуштаат во воздухот имаат потенцијал да бидат изедени од животни кои мислат дека се храна. Фрлањето на стари батерии и електроника може да филтрира штетни хемикалии во земјата. Спакуваната храна има екстра пластика која е товар на депониите.

2. Купувајте производи кои се еко-пријателски

Купувањето на сапун кој не е антибактериски е едноставен избор но има големо влијание. Исто така, изборот на храна која не е направена со палмино масло може да помогне во зачувувањето на живеалиштата на орангутаните.

3. Изедете ја целата храна што ја купувате

Огромната количина на вода и средства во производство на храна, како и фактот дека третина од храната се фрла што значи дека животната средина е „под стрес“ за ништо. Не купувајте повеќе храна отколку што можете да изедете, земете ја дома храната која ви останала во рестораните и не фрлате остатоци од вечерата.

4. Намалете ги производите кои се за еднократна употреба


Иако е погодно да купувате кафе и да пиете од пластична чаша, сепак бројот на хартија се` повеќе се зголемува. Пластичниот прибор за еднократна употреба може да е погоден, меѓутоа би и` било полесно на планетата да земете вистинска лажица или вилушка. Користете алуминиумско шише наместо пластично, користете платнена торба наместо пластични ќеси за купување и направете да и` биде полесно на планетата.

5. Дајте им до знаење на политичарите дека проблемот со природната средина е сериозен

Додека поединци можат да направат многу за да и` помогнат на природната средина, политичарите се оние кои донесуваат одлуки како ќе влијаат врз корпорациите. Натерајте ги овие луѓе да сфатат дека нивните гласачи се грижат за планетата Земја. Ова е одличен начин дека тие ќе покажат некаков интерес. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот