X
 24.12.2015 Живот

Времето денес и какво време да очекуваме овој викенд?

Во утринските и претпладневните часови по котлините и долните ќе биде магловито и постудено, а во попладневните часови се очекуваат разведрување и повремени сончеви периоди. Во останатите предели ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели слаб југозападен и западен. Утринските температури од -5 до 3степени, а максималните дневни температури од 6 до 18 степени.

Во Скопје во четврток во утринските и претпладневните часови ќе има појава на магла, а попладне се очекуваат повремени сончеви периоди. Слаб ветер. Утринската температура од -2 степени, а максималната дневна до 8 степени.

Во петок претежно сончево и топло, а по котлините и долините магловито и постудено. Максималните температури ќе се движат од 7 до 17 степени. Во деновите од викендот во Македонија ќе биде сончево и топло но со студени утра. Утринските температури од -7 до 3 степени, а максималните дневни од 6 до 16 степени. Во понедленик претежно сончево и топло, а по котлните и долините повторно се очекува појава на магла. Дневните температури од 7 до 16 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот