X
 24.08.2015 Живот

Неделна временска прогноза



Во понеделник не очекува многу потопло утро со повисоки утрински температури. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, а пак максималните дневни ќе достигнат до 23 односно до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во понеделник во Скопје ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 16 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 31 степен. УВ индексот ќе има вредност 7

До крајот на работната недела ќе продолжи стабилното и топло време. Во вторник и среда сончево и топло. Максималните температури ќе достигнат до 25 однсоно до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 7. Во четврток и петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Утринските температури од 10 до 20 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 26 односно до 36 степени. УВ индексот останува со вредност 7.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот