X
 25.12.2015 Живот

Прогноза на времето во наредните 5 дена



Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла по котлините и долините, која претпладне ќе се намалува. Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност, ветровито и топло. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од -5 до 2 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 8 односно до 18 степени.

Во Скопје во петок во утринските часови ќе има појава на магла која претпладне ќе се намалува, па во попладневните часови се очекуваат и сончеви периоди. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од -2 степени, а максималната дневна до 11 степени.

Во Македонија во деновите од викендот ќе можеме да уживаме во сончевото и топло време, иако во утринските часови ќе има и појава на магла. Максималните дневни температури ќе се движат од 6 до 16 степени во сабота, односно од 6 до 17 степени во недела. Во понеделник и вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност во поголем дел од Македонија, а по котлините и долините се очекува појава на магла која ќе се заджи во поголем дел од денот. Дневните температури од 6 до 17 степени односно од 5 до 16 степени во вторник.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот