X
 18.10.2016 Живот

Временска прогноза за наредните неколку денови

Денес е вторник, 18 октомври 2016 година, 292-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:44, а ќе зајде во 17:51 часот. Денот ќе трае 11 часа и 07 минути.

И ова утро во Македонија имаме претежно облачно и свежо време. Исто така треба да се напомене дека по котлините и долините на реките има и појава на слаба магла.

МАКЕДОНИЈА - Денес ќе биде претежно облачно, свежо и ветровито. Во текот на денот постојат услови за повремени и кратки сончеви периоди. Ќе дува доумерен јужен и југоисточен ветер, кој долж повардарието и во источните предели ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Во вечерните часови и во текот на ноќта од северозапад продор на влажна воздушна маса која ќе донесе врнежи од дожд прво во западните и северозападните предели, после ќе се прошират и во останатите предели. Утринските температури од 4 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 11 односно до 19 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје претежно облачно, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 11 степени, а максималната дневна до 17 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Врнежите од дожд кои ќе започнат во текот на ноќта вторник кон среда ќе продолжат и во среда во утринските и претпладневните часови, а во попладневните часови ќе престануваат. Максималните температури од 8 до 16 степени. Во четврток и сабота умерено облачно време со максимални температури од 11 до 19, односно од 12 до 20 степени, додека пак во петок умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и температури од 10 до 18 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот