X
 15.12.2015 Живот

Времето во Македонија во наредните денови



Во Македонија во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево. Во југозападните предели се очекува зголемена облачност. Ќе дува слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од -6 до 0 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 4 односно до 12 степени.

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од -2 степени, а максимланата дневна ќе достигне до 9 степени.

Во Македонија во наредните денови ќе продолжи стабилното време со појава на локална облачност. Во среда и петок по студените утра во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Утринските температури од -7 до 0 степени, а дневните од 1 до 12 степени. Во четврток и сабота умерено облачно со сончеви периоди. Максималните температури во четврток од 2 до 10 степени, а во сабота од 4 до 12 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот