X
 15.03.2024 Наука

Питагора бил гениј, но погрешил во едно нешто

Грчкиот филозоф Питагора се обидел да ја искористи математиката за да ја разбере убавината на музиката.

Соодветно на тоа, хармоничните комбинации на ноти познати како музичка консонанта се потпираа на едноставни „целобројни соодноси“ во фреквенциите на звуците, или тоновите, за да звучат привлечно. Уште повеќе, Питагора тврдеше дека ова важи без разлика на инструментот.

Но, не е така, велат истражувачи кои испитувале 4.272 волонтери за нивните реакции на одредени акорди. Тие реакции покажале склоност кон музика со мали несовршености во неа, математички гледано.

- Ние претпочитаме мали количини на отстапување. Сакаме малку несовршеност бидејќи тоа им дава живот на звуците, а нам ни е привлечно - вели музичкиот психолог Питер Харисон од Универзитетот „Кембриџ“.

Тимот, исто така, открил дека соодносот на целите броеви што на Питагора му биле толку драги може целосно да се занемари кога станува збор за инструментите со кои западните слушатели се помалку запознаени: ѕвона, гонги, ксилофони и серија на гонги наречена бонанг.

Одговорите од студијата на овој индонезиски инструмент, покажале сосема нови модели на консонанта и дисонанца. Овие обрасци се совпаѓаат со музичката скала што се користи во индонезиската култура и не може точно да се мапираат на скалите што се претпочитаат во места како САД и Европа.


И музичарите и слушателите можат да имаат корист од малото експериментирање, како и од излегувањето од нашите комфорни зони, што се однесува до музиката, велат истражувачите. Се планираат идни студии кои ќе анализираат уште поширок опсег на инструменти и култури, особено во врска со музиката што претходно се сметала за „нехармонична“.

-Музичарите и продуцентите би можеле да направат тој збир да функционира подобро, ако ги земат предвид нашите наоди и размислуваат за промена на темброт, квалитетот на тонот, користејќи специјално избрани вистински или синтетизирани инструменти. Тогаш тие навистина би можеле да го добијат најдоброто од двата света: хармонија и локални нотни системи – заклучиле истражувачите.

Извор: Science alert

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука