X
 15.11.2018 Живот

Загубата на „Убер“ зголемена на милијарда долари

Американската компанија „Убер технолоџис“ во изминатото тримесечје забележа зголемување на загубите на над милијарда долари, додека приходите се зголемиле за едноцифрени стапки пред планираната иницијална понуда следната година.

Компанијата за посредување во услугите на превоз во третото тримесечје работела со загуба од 1,07 милијарда долари, додекa во претходниот квартал загубата изнесувала 891 милион, пренесува Н1.

Нето-приходите на компанијата во изминатото тримесечје се зголемиле за 5 отсто во споредба со претходниот квартал, на 2,95 милијарди долари, додека бруто-приходите и нарачките се зголемиле за 6 отсто, на 12,7 милијарди долари, соопшти „Убер“.

До неодамна приходите на компанијата растеа со двоцифрени стапки на квартално ниво, но во последните тримесечја нивниот раст е забавен на едноцифрени. Сепак, на годишно ниво и натаму се бележи голем раст. Така нето-приходите во изминатото тримесечје биле за 38 отсто поголеми отколку во истиот период минатата година, додека бруто-приходите истовремено се зголемиле за 41 отсто.

Како приватна компанија, „Убер“ не е должна јавно да објавува финансиски извештаи, но почна да информира за деловните резултати бидејќи во следната година планира да спроведе јавна понуда и да ги изнесе акциите на берзата.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот