X
 04.01.2016 Живот

Неделна временска прогноза: Времето во наредните 5 дена



Во Македонија во понеделник ќе биде претежно облачно, ветровито и малку потопло. Во попладневните и вечерните часови се очекуваат нови врнежи од дожд, а над 700 метри со врнежи од снег. Ќе дува доумерен засилен југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури од -5 до 3 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 0 односно до 8 степени.

Во Скопје во понеделник претпладне ќе биде претежно облачно, ветровито и потопло. Во попладневните часови нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од -3 степени, а максималната дневна до 4 степени.

Во Македонија во вторник облачно со врнежи од дожд, а на повисоките места од 1200 метри со врнежи од снег. Максималните температури од 2 до 8 степени. Врнежливо со дожд и во среда, а над 1500 метри со снег. Дневните температури од 5 до 11 степени. Во четврток и петок умерено облачно со сончеви периоди и услови за слаби локални врнежи од дожд. Дневните температури од 5 до 11 степени во четврток, односно од 3 до 10 степени во петок

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот