X
 15.01.2016 Живот

Важни откритија на мажите кои за прв пат станале родители

Постојат татковци кои навистина го сфаќаат животот, кои го прославуваат моментот кога ќе се роди нивното чедо и кои се преплашени од оваа животна улога која засекогаш им ги менува животите. Што еден татко открива кога за прв пат ќе започне да ја „игра“ оваа улога?

 

5


1. Куќата е преполна со опасности


Се` што е под вашата половина или ќе биде уништено или може да предизвика повреда. 90% од она што го правите, покрај што го воспитувате вашето дете, станува обид да ја спречите неговата смрт.

2. Сонот е твојата нова еротска фантазија


8 часови сон е многу послатко отколку жешка бања со Моника Белучи.

3. Откриваш дека имаш непријатна страна од твојата личност


Ќе се видиш себеси и својата тврдоглавост во поинакво светло. Слично е како да гледаш во магично огледало. Позитивно гледано, конечно ќе сфатиш колку си им бил досаден ти на твоите родители.

4. Ќе станеш идеалот на твојата ќерка

Токму твојата слика ќе ја гледа кога ќе избира маж. Обиди се да бидеш најдобар што можеш доколку сакаш достоен зет.

5. Не се` може да биде во твоја моќ

Кога за прв пат ќе го пуштиш детето на подот (не ако, туку кога), ќе се молиш се` да помине во најдобар ред. Иако не знаеш како и кому да му се молиш.

6. Ти си „лошиот полицаец“

На 2 години твоето дете ќе ја врти твојата сопруга околу малото прсте. Доколку сакаш да се ослободиш од оваа тиранија, научи да командуваш, карај го кога е неопходно и вели „не“ сто пати на ден. Доста непријатно, но некој мора да го прави и ова.

7. Твоето слободно време започнува кога бебето спие

Бебето е работодавецот кој нема идеја кои се законите на вработените. Нема слободни денови ниту пак викенди.

8. Малечко не значи и тивко

Можеби е само 6 килограми, но кога е вознемирено, звучи како хор на пожарникарски сирени. И колку за информација, некои од нив грчат - гласно.

9. Нема ништо лошо во гледањето на еден цртан филм 50 пати по ред.

10. Ќе развиеш способност за преговарањео со терористи

„Не сака да оди надвор. Чекај, да, сака. Не, овие ракавици не одговараат. Не, нема да ја стави раката низ ракавот. Сепак, не сака да оди надвор“.

11. Постои такво нешто како вистинска среќа


Не само што детето е искрено во искажувањето на чувствата, туку исто така те прави да се чувствуваш среќно и нежно. Можеби отсекогаш си бил циник, меѓутоа ќе бидеш трогнат до солзи од зборовите и акциите на твоето дете. И нема потреба да се срамиш од тоа.

12. Ти си коњче!
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот