X
 17.01.2016 Образование

Реформи во хрватското образование - оценката нема да зависи само од знаењата на ученикот



Колку се труди ученикот во текот на учебната година, учествува ли активно во наставата и проектите, соработува или незаинтересирано молчи и одбива соработка со останатите ученици и наставникот - во иднина од овие работи ќе зависи крајната оценка по училиштните предмети.

Тоа значи прекин на досегашната пракса на заклучување оценките по секој предмет. Новиот модел на оценување планиран низ реформа, ќе значи голема промена - крајната оценка нема да смее да биде ариметичка средина.

Комуникацијата и соработката се важни компетенции и за работодавачите, заради што во реформираното образование, покрај бројчаната оценка ќе добие и дополнителна проценка. Затоа наместо поимот „оцена" во реформските документи почесто се користи зборот (пр)оцена.

Нема да има општ успех

Општиот успех ќе биде составен од повеќе елементи нагенерички компетенции. Реформското тело за вреднување во образованието, составено од експерти и соработници, ги раздели во три главни елементи: одговорност, самостојност и самоиницијативност, комуникација и соработка. Тие елементи кои ученикот ќе ги добие по секој предмет, ќе има улога и при уписот во средно училиште затоа што ќе се укине и општиот успех на крајот на годината.

- Општиот успех е мера од некаков хипотетски просек на ученикот, во кој се содржат оцеите по математика, историја, а тоа не говори апсолутно ништо за ученикот. Со тоа, заради општиот успех родителите создаваат силен притисок на наставниците, затоа што ученикот на крајот на учебната година треба да има повисоки оценки. Сега на ученикот ништо нема да му недостасува бидејќи нема да постои општ успех, туку заклучени оценки по поединечни предмети - вели Жаклин Лукша, во гимназија и членка на реформското тело.

Без неправедни селекции

По новиот модел на оценување, кој наскоро ќе се најде на јавна расправа заедно со новиот предметен курикулум, за да може експерименталната примена да започне уште есеноска, учениците би требало да бидат изземени од неправедна селекција при упис во средно училиште. На пример, на ученикот никако не му оди историја и музичко, а е одличен по математика и физика. Заради лошите оценки по двата предмети, тој по сегашниот модел нема да успее да се запише во математичка гимназија. Но, без општиот успех, тој ќе успее да се запише го таа гимназија.

Усовршување на наставниците

Во експертската работа за реформи се истакнува дека одлуката на наставникот за крајната оценка е многу важна по секој предмет и дека тоа е многу сложен и важен процес, кој може да има сериозни последици врз учениците. На наставниците им се сугерира да следат и да бележат низ целата наставна година колку ученикот се труди, колку е соработлив, комуникативен и слично, за да на крајот при заклучувањето на оценките земе предвид повеќе елементи.
Подготвил: Антонија Поповска Христов / antonija@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование