X
 26.01.2016 Живот

Времето во Македонија во наредните пет дена



Во Македонија во вторник ќе биде претежно облачно, ветровито и потопло. Претпладне во северните и североисточните предели постојат услови за провејување на сосема слаб снег и слаби врнежи од дожд. Додека пак попладне во југоисточните предели се очекуваат и сончеви периоди. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер. Утринските температури во благ пораст и ќе се движат од -8 до 1 степен, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 2 односно до 12 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во вторник ќе биде претежно облачно и потопло. Претпладне услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура до -1 степен, а максималната дневна до 7 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Македонија во наредните денови ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок што ќе услови претежно сончево и потопло време. Но исто така треба да се напомене дека ќе имаме и појава на магла, која во утринските и вечерните часови ќе ја има насекаде. Во среда, четврток и петок дневните температури ќе се движат во интервал од 6 до 16 степени. Потопло и многу повеќе сонце се очекува во сабота кога максималните температури ќе достигнат до 7 односно до 16 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот