X
 27.01.2016 Образование

Од денешните студенти се бараат вештини, а за тоа им се нудат скрипти

Сè почесто, студентите не доаѓаат на предавања бидејќи полесно им е да ги користат белешките и презентациите кои нивните професори ги прикачуваат он-лајн. Освен тоа, голем дел од студентите воопшто не ја читаат дополнителната литература.


Д-р Грег Фоли од Универзитетот во Даблин тврди дека студентите денес имаат нереалистични очекувања за тоа колку треба да се трудат и работат за да успеат. Ова наводно го нагласува „културата на паметните телефони во која живееме, а која многу влијае на концентрацијата“, додава тој.

Многу професори ја критикуваат сè поголемата зависност од телефоните на студентите, но и од материјалите кои се прикачуваат он-лајн од страна на професорите.

„Ова доведува до тоа студентите да не сакаат да прочитаат ништо од дополнителните материјали“, вели Фоли.

„Сè се сведува на белешки и скрипти. Развивме парадоксална ситуација во која со образованието доминираат дебати за решавање проблеми и критичко размислување, како и вештините потребни за преживување, но во исто време се служиме со методи на подучување со кои студентите не им се допушта да размислуваат критички и да добиваат вештини“, додава Фоли.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование