X
 15.02.2016 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме во текот на оваа работна недела?



Во Македонија во понеделник уште еден натпросечно топло ден. Ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, топло и ветровито. северозападните и западните предели ќе постојат услови за локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен засилен југозападен и југоисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 50 км/ч. Температурите ќе бележат пораст, утринските ќе се движат од 6 до 14 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 12 односно до 22 степени.

Во Скопје во понеделник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и топло. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 12 степени, а максималната дневна до 19 степени.

Во вторник и среда не очекуваат вистински пролетни денови, претежно сончево со локална облачност и многу топло за овој период од годината. Утринските температури од 2 до 9 степени, додека пак максималните од 13 до 23 степени. Во четврток дестабилизација под влијание на циклонска активност од медитеранот и пад на дневните температури кои ќе се движат од 7 до 17 степени. Во петок умерено облачно со сончеви периоди и топло со максимални температури од 8 до 18 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот