X
 27.02.2016 Економија

Речиси 200.000 луѓе во Македонија добиваат плата малку повисока од минималната

Според последните податоци од Заводот за статистики, се забележува зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2015 во однос на декември 2014 година.


Најголеми зголемувања се забележани во секторите:  Административни и помошни услужни дејности (11.0%), Уметност, забава и рекреација (6.1%) и Информации и комуникации (5.8%), но и на секторите: Стручни, научни и технички дејности (18.8%), Информации и комуникации (9.9%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (8.9%).

Во истиот месец, просечната нето-плата изнесувала 22.715 денари. Освен тоа, дознаваме и дека речиси 12.000 лица земаат плата над 50.000 денари. Потоа, 10.421 вработен имаат плата од 40.000 до 50.000 денари.


Од друга страна, 125.495 лица (29%) примаат просечна плата од нешто повеќе од 22.000 денари.

190.000 вработени добиваат плата од најмногу 14.000 денари. Минималната плата во Македонија изнесува 10.080 денари.

Највисоките месечни плати се во дејностите: Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности (54.316 денари), Воздухопловен транспорт (50.312) и Правни и сметководствени дејности (46.826). 


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија