X
 05.03.2016 Живот

Викенд временска прогноза... Какво време не` очекува за 8ми март?



Во Македонија во сабота не очекува постудено утро со утрински температури кои ќе се движат од -4 до 4 степени. Во утринските часови услови за појава на магла ќе има во западните и северозападните предели. Во текот на денот претежно сончево и многу потопло. Попладне во западните и северните предели ќе има појава на локална облачност. Ќе дува доумерен слаб југозападен и југоисточен ветер, а ветерот ќе биде засилен само во западните предели. Максималните дневни температури ќе достигнат до 8 односно до 19 степени.

Во Скопје во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер. Утринската температура од 1 степен, а максималната дневна до 15 степени.

Во Македонија во недела ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и потопло со пораст на температурите, утринските од 0 до 7 а максималните од 12 до 21 степен. И во понеделник во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло. Во доцните попладневни и во вечерните часови во западните и северозападните предели се очекуваат интензивни врнежи од дожд. Врнежите од дожд ќе продолжат и во наредните два дена кога се очекува и пад на максималните температури. Во вторник од 10 до 18 степени, додека пак во среда температурите ќе се движат од 7 до 15 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот