X
 25.03.2016 Технологија

Направи сам, нова веб страна на Македонскиот веб простор




На Македонскиот веб простор е лансирана нова веб страна napravisam.mk на која може да се најдат детални информации за направи сам проекти во повеќе категории:

- Дом и градина

- Декорација

- Забава

- Мода и убавина

- Рецепти

Овој портал е создаден со цел креативните луѓе на едно место да најдат идеи и инспирации за свои DIY – направи сам проекти односно преку детални инструкции, туторијали и видеа да го разубавават нивниот дом и градина, да направат неверојатни и уникатни роденденски забави или свадби, совети како да ги искористат старите алишта, да направат уникатен накит или домашни маски за лице и коса или како да ги израдуваат најблиските со вкусен и едноставно подготовен рецепт за појадок, ручек или вечера, свеж пијалок и разни трикови и совети кои ќе им помогнат во чистење и одржување на кујната и домот.



Слоганот на Направи сам е: Наша инспирација – Ваша креација

Наша задача е да даваме идеи и да ги инспирираме корисниците како да ги искористат и рециклираат старите предмети во домот за да си направат корисни работи а воедно и да ја зачуваат и подобрат животната средина.

веб страна: napravisam.mk
Фесјбук страна: Направи сам

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија