X
 28.03.2016 Забава

Девојка од Кенија доби патување од соништата поради Фотошоп

Севе Гат од Кенија имала огромна желба да ја посети Кина. За жал, таа немала пари за да го реализира нејзината желба, па затоа создала серија на фотографии на кои се фотошопирала на неколку локации низ земјата.

 

photoshop


И нормално, интернетот тотално полуде и ги споделуваше фотографиите стотици пати.

Фотографиите некако стигнале до бизнисменот Сам Гичуру, па тој ги поттикнал неговите пријатели заедно да соберат пари и да ја испратат Севе на нејзиното патување од соништата.

 

1


Севе се`уште го чека нејзиниот пасош, меѓутоа наскоро ќе може нејзините фотошопирани фотографии да ги претвори во реалност. 

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава