X
 01.04.2016 Живот

Технолошкиот парк ќе се гради, но на друга локација


 
Технолошкиот парк, што требаше да се гради во близина на хотелот "Александар Палас", покрај кејот на реката Вардар, со надреалистичен изглед, висок три ката или 16 метри, објект што ќе биде опремен со системи на сите видови обновлива енергија и кој целосно ќе ги задоволува сите потреби за електрична и топлинска енергија ќе се гради наскоро, но само на друга локација.

Проектот кој општина Карпош го <>a href="/news/11-04-17/kje_se_gradi_tehnoloshki_park_vo_skopje.aspx" target="_blank">најави уште во 2011, а предизвика големо внимание поради футуристичкиот изглед е влезен во годинешната Програма за енергетска ефикасност при локалната самоуправа.

- Изградбата на паркот не е откажана, туку напротив ќе се гради, бидејќи е во Програмата за енергетска ефикасност при локалната самоуправа. Можна е промена на локацијата, но сепак не би можела со сигурност да потврдам за која локација станува збор, бидејќи постапката за изградба, локација и други дополнителни стапки е во тек. Инаку, за овој проект се заинтересирани повеќе инвеститори, па така за изградбата на Технолошкиот парк, освен Општината, ќе се вклучат и високо научни институции и странски донатори. С` уште не се знае кога ќе започне изградбата, бидејќи се чека на завршување на постапката за документација, која е во тек - вели Мила Гавриловска од одделението за односи со јавноста од општина Карпош.

Да потсетиме, градбата ќе се состои од три дела од кои во првиот, холот, ќе биде изложбен и образовен центар опремен со лцд дисплеи каде што студентите и посетителите ќе може да дознаат повеќе за обновливите извори на енергија со кои објектот сам ќе се снабдува. Вториот дел е салата за конференции каде што македонските научници и инженери ќе можат да одржуваат конференции. Третиот дел ќе биде компјутерски центар за обука и надградба на младите и талентирани кадри. Кулата, како и целиот објект, ќе биде поставен на воздушни перници и сама по себе ќе биде пример за асеизмичка градба, отпорна на каков било земјотрес.

Стаклата ќе бидат со натпросечен коефициент на енергетска заштеда. Пресекот на стаклата ќе биде исполнет со инертен гас, со што ќе се добијат комплетно заштитени ѕидови. Зградата ќе штеди максимум енергија и самата ќе може да се осветлува, грее и лади. Проектот „Технолошки парк“ во суштина ќе претставува образовен и иновативен центар за надградба на знаењата на учениците и на студентите од областа на енергетската ефикасност.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот