X
 13.04.2016 Живот

Времето во наредните денови: Температури над 30 степени и висок УВ фактор


Во Македонија во среда претежно сончев и тополo. Во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста која и во текот на ноќта среда кон четврток ќе остане над Македонија. Ќе дува доумерен слаб северозападен и западен ветер. Долж повардарието и во југоисточните предели попладне слаб југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 2 до 11 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 20 односно до 29 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје во среда претежно сончево и топло. Попладне зголемување на облачноста. Ќе дува доумерен југозападен и јужен ветер. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна до 27 степени. Ув индексот 6.

Во Македонија во четврток во утринските часови умерено облачно поради што ќе имаме високи утрински температури кои ќе се движат од 7 до 15 степени, попладне веќе намалување на облачноста и во текот на денот ќе биде сончево и топло со темпертаура до 21 односно до 30 степени. Во петок сончево со опаѓање на температурите, а максималните ќе се движат од 17 до 26 степени. Во сабота и недела под влијание на антициклон ќе имаме продор на топла воздушна маса од југ која ќе донесе многу високи температури за овој период од годината. Во сабота максималните од 20 до 28 степени, додека пак во недела тие ќе достигнат до 23 односно до 31 степен и висок УВ фактор.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот