X
 30.04.2016 Технологија

Германците експериментираат со подни семафори поради телефоните

Дали и вам главата ви е насочена надолу, кон телефонот додека пешачите или поминувате улица? Ваквите пешаци стануваат се` поголем проблем во сообраќајот, а паметните Германци се надеваат дека го откриле решението за спасување на нивните животи.


Градот Аугсбург експериментира со подни семафори, откако повеќе млади луѓе настрадале на улиците на градот поради зависноста од своите телефони. Градските власти имаат цел со нова експериментална програма да ги предупредат пешаците задлабочени во своите мобилни телефони на сообраќајот и да им сигнализираат кога и како може да ја поминат улицата.


Со овие подни семафори, лицето кое е на улицата, а гледа во телефонот би го видело предупредувачкото светло без да го подигне погледот од телефонот.

Неодамнешно истражување покажува дека еден од шест корисници на телефони потполно го игнорира надворешниот свет кога гледа во телефонскиот екран.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија