X
 02.05.2016 Живот

Што треба да студирате според вашиот хороскопски знак?

Немате идеја каде да се запишете на факултет и каква кариера во иднина сакате да имате? Откријте што вашиот хороскопски знак ви предлага за вашата кариера.

 

znak


Овен

Претприемништво или криминално право - Вие сте креативен лидер. Претприемништвото би било идеално за вас пред да започнете вашата сопствена старт-ап компанија. Исто така, вие сте храбри, такашто добра би била и кариера во криминалното право.

Бик

Финансии или образование - Како Бик, имате неверојатна фискална цврстина, па добро би било да се одлучите за кариера во финансиите. Исто така, важите за доста трпелива личност, па одлични би биле како учители во раното образование.

Близнаци

Театар или средно образование - Поттикнете ја вашата енергетска двојност со „второ“ лице на сцената. Исто така, вие сте неверојатен комуникатор, па затоа добро би било да размислите да станете професор во средно образование.

Рак

Менаџмент во човечки ресурси или социјална работа - Вие сте грижлива личност со смисла за набљудување, па овие две професии би биле совршени за вас.

Лав

Бизнис менаџмент или тв продукција - Вие сте силен, самоуверен лидер. Со бизнис менаџментот ќе го поттикнете вашиот внатрешен извршен директор. Исто така важите за шармантна личност која дефинитивно ја сака камерата.

Девица


Судство или инженерство - Вие сте интелигентна и прецизна личност, такашто овие две кариери и тоа како ќе ви бидат погодени.

Вага


Политички науки или кинезиологија - Важите за дипломатска личност и ги земате во предвид перспективите на другите луѓе. Диплома во политички науки или кинезиологија се совршени области за вас.

Шкорпија

Биологија и физика - Како Шкорпија вие сте напнати, добри набљудувачи и екстремно фокусирани - како брилијантен хирург. Затоа биологијата и физиката се полињата за кои треба да размислите.

 

Стрелец


Oдноси со јавноста или новинарство - Останувате оптимисти дури и во време на неволји што е корисно за односи со јавноста. Исто така, вие сте одличен раскажувач на приказни - новинарството најдобро ќе ја искористи оваа вештина.

Јарец

Компјутерски науки или филмски и медиумски уметности - Вие сте сигурна личност и сакате работите да ги направите онака како што треба со што би биле брилијантни во компјутерски науки. Со одличните менаџментски вештини за времето и силната работна етика, би биле одличен телевизиски или филмски продуцент.

Водолија

Психологија или филозофија - Длабоко се грижите за благосостојбата на луѓето. Диплома по психологија би била најдобра за вас. Исто така, вие сте прогресивна личност, па добро би било да се одлучите за филозофија за да ги споредувате вашите идеологии.

Риби

Рекламирање и туризам и менаџмент - Развијте ги вашите креативни карактеристики во светот на рекламирањето. Познати сте по тоа што сте премногу фини, со што е совршено за квалитетите за туризам и менаџмент.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот