X
 05.05.2016 Технологија

Трикови за "Facebook Messenger" за кои не сте знаеле

Повеќето луѓе кои ја користат апликацијата „Facebook Messenger“ не се ни свесни за можностите кои ги нуди оваа апликација.

 

фб


И покрај тоа што е доста популарна платформа за допишување, таа ви нуди многу повеќе, а ние ви откриваме кои опции се тие.

Конференциски повици

 

5


После видео повиците, „Messenger“ ја унапреди опцијата за опични повици такашто сега можете конференциски да разговарате со поголема група на луѓе во исто време.

Доволно е да кликнете на телефонската слушалка на врвот на „Messenger“ групата со која се допишувате и да разговарате со нив.

Барање пари од луѓето

 

1


Да. „Facebook“ воведе и ваква опција. Кога се допишувате со некој, притиснете го икончето долар ($) кое се наоѓа над тастатурата. Тука можете да ја напишете сумата на пари која ја барате од вашиот контакт. Исто така, оваа опција ви остава простор да ѝ објасните на личноста зошто барате пари од неа.

Прекар за своите пријатели

 

2


„Facebook“ од вас бара да го користите вашето вистинско име и презиме кога создавате и кога го користите профилот. Но, „Messenger“ има полиберална политика, такашто ви дава можност да го менувате името на вашите пријатели/контакти на начин на кој вам ви одговара. Ова име ќе се појавува во сите разговори кадешто е тој контакт.

Повикајте такси

 

3


Иако нашата земја нема ваква опција, меѓутоа од балканските земји Хрватска прва започна да ги користи овие услуги. Доколку се наоѓате во странство, тогаш оваа опција може да ви биде од голема корист. Повикајте еден од овие два сервиси со кликање на икончето за транспорт, а ако ви излезе симбол на автомобил - кликнете го и одете на „more“.

Играјте партија шах или кошарка

 

4


Едноставните игри од неодамна станаа достапни на „Messenger“ апликацијата. За да играте кошарка потребно е да испратите емот икона со кошаркарска топка на било кој од вашите пријатели и да кликнете на „launch the game“. Слично е и со шахот, кадешто треба напишете @fbchess play во разговорот, а апликацијата потоа сама ја пушта играта. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија