X
 30.05.2017 Технологија

Новост на „Instagram“ - Секоја фотошопирана фотографија ќе биде означена

instagram
Фото: AFP

Една од најпопуларните социјални мрежи „Instagram“ воведува една, навидум мала, но значајна и за многу корисници малку загрижувачка новост.

Во иднина, сите фотографии дополнително уредена во фотошоп ќе бидат обележани.

Со тоа би можело да се загрози кариерата на многу блогерки, старлети па дури и пејачки.

Но, постои доволно добра причина. „Instagram“ се одлучи на ваков чекор по предлогот на експертите од здравствената организација „Royal Societyfor Public Health“ која неодамна оцени дека идеализирањето на фотографиите на јавните личности влијае негативно врз самодовербата и самопочитта на тинејџерите.

Огромен број девојки секојдневно ги гледаат фотографиите од совршените, нереални тела на пејачки, блогерки, старлети и фитнес инструкторки, кои природно изгледаат многу различно.

Можеби оваа промена конечно ќе ги наведе луѓето да почнат да споделуваат вистински фотографии на кои ќе им се гледа вистинската, природна убавина.

Со оглед на тоа што огромен број на „Instagram“ профили се прославија благодарение на фотошопираните фотографии од женски тела и лица, оваа промена навистина би можел да ја промени целата социјална мрежа и да ја претвори во здраво опкружување.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија