X
 09.05.2016 Живот

Неделна временска прогноза: Се враќаат температурите од 30 степени



Во Македонија во понеделник потопло утро со температури кои ќе се движат од 5 до 13 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Во попадневните часови во југозападните, централните и источните предели развој на нестабилна облачност која ќе услови слаби локални врнежи од дожд ии грмотевици. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Максималните температури од 17 до 26 степени.

Во Скопје во понеделник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската темпертаура од 11 степени, а максималната дневна до 23 степени.

Во Македонија во следните денови, односно во вторник и среда се очекува стабилизација на времето која ќе донесе и повисоки температури. Умерено облачно со сончеви периоди и топло со максимални температури во вторник од 19 до 28 степени, а во среда од 21 до 30 степени. Во четврток претежно сончево со локална облачност, попладне развој на нестабилна облачност и услови за локални врнежи од дожд. Дневните температури од 19 до 28 степени. Во петок претежно сончево и топло во текот на целиот ден и температури кои ќе достигнат до максимални 21 односно 30 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот