X
 10.02.2017 Живот

Петдневна временска прогноза

енес е петок, 10 февруари 2017 година, 41-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:31, а ќе зајде во 17:04 часот. Денот ќе трае 10 часа и 33 минути.

Облачно и релативно топло за овој период и ова утро во Македонија. Појава на слаба магла има по котлините додека пак погуста магла има на Попова Шапка и планинските превои Ѓавато и Плетвар.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во утринските часови појава на слаба магла а во текот на денот ќе биде претежно облачно, ветровито и свежо време. Во крајните западните и северозападни предели како и во Малешевијата со услови за многу слаби и локални врнежи од дожд, а над 900 метри од снег. Станува збор за многу слаби врнежи но мора да ги најавиме. Ќе дува доумерен југоисточен и источен ветер. Утринските температури од -3 до 6 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 1 односно до 12 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно облачно, топло и ветровито. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 3 степени, додека пак максималната дневна до 7 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во сабота и недела во утринските часови појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат во интервал од -5 до 5, односно од -6 до 4 степени, додека пак максималните без некое поголемо отстапување од 3 до 11 во сабота, односно од 2 до 10 степени во недела. Умерено облачно со повремени сончеви периоди ќе биде и во понеделник кога утринските температури ќе се спуштат до -7 односно до 3 степени, додека пак дневните ќе достигнат до 3 односно до 9 степени. Во вторник разведрување на времето но и постудено утро со температури од -8 до 2 степени, додека пак дневните ќе бележат благ пораст и ќе се движат од 5 до 11 степени

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот