X
 11.05.2016 Култура

Земјите кои мора да ги посетите според момчето кое ги посетилo сите

Хенрик Јепесен, 28-годишник од Данска, е најмладата личност во светот која патувала во секоја земја на Земјата.


Неговото последно патување било во Еритреја. Тој патувал во стотина земји со помош на спонзор, но Хенрик тврди дека е можно да се постигне целта доколку однапред се размислува за трошоците.

- На почетокот не е лесно, особено кога се работи за идејата во која само неколку луѓе веруваат дека ќе ја постигнете. Мој совет е да бидете упорни и да не се откажувате. Најчесто сам успевав да патувам со малку пари така што летав со нискобуџетни авиокомпании, стопирав, јадев евтина храна од супермаркети (најмногу овошје, повеќето луѓе на патувањата се дебелеат, јас ослабев), и спиев кај локалните жители - вели Јепесен.

Данска секогаш ќе остане негов дом, но Хенрик смета дека Јужноафриканската република е една земја во која би можел да живее. Тој наведува десет земји кои вреди да се посетат според него.

1. Јужноафриканска република - Омилена земја поради многу причини за Јепесен. Различноста на луѓето, храната, градовите, селата, природите, животните и пристапноста.

2. Нов Зеланд - Јепесен вели дека Нов Зеланд би бил на првото место доколку не беше толку далеку. Тоа е неверојатно сигурна земја во која тој бил неколкупати.

3. Италија - Тоа е негова омилена европска држава. Фантастична храна и култура, смета тој.

4. Малдиви - Ова е најдоброто место за опуштање, според него. Приватните одморалишта со фантастични вили и неверојатното море се одлично искуство.


5. Австралија - Фантастична земја во која единствениот минус е високиот животен стандард.

6. Вануату - Во оваа земја има гостопримливи жители и прекрасни плажи.

7. Руанда - Ова е најголемо изненадување за него. Руанда е сигурна и добро водена земја со изненадувачки добра инфраструктура.

8. Палау - Една од најмалите држави во светот и веројатни и најбезбедна. Наједноставна земја за стопирање. Има прекрасни плажи, природа и затоа се наоѓа во топ 10 на Јепесен.

9. Сејшели - Земјата во која Јепесен сака да се враќа, но е многу скапа и многу одморалишта се преценети според него. Да била поевтина би се наоѓала на врвот бидејќи е една од најубавите држави во светот.

10. Тајланд - Оваа земја Јепесен ја става во најдобрите 10 поради жителите. За него, таму има премногу туристи, но некои делови му се допаѓаат доволно за да се врати.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура