X
 12.05.2016 Образование

Задолжителна лектира во Хрватска ги учи децата дека кирилицата е непријателска азбука

gкнига 

 

Kнигата „Мојот татко спие со ангелите“ која е задолжителна лектира за шесто одделение од 1996 година до денес шири нетрпеливост помеѓу Србите и го слави усташкото движење. Центарот за граѓанска храброст на неколку места ја пријави лектирата, меѓутоа институциите со години ја игнорираат пријавата.


Прво пријавата била испратена до надлежното Министерство за образование, наука и спорт кое не реагирало. Бил испратен приговор до агенцијата за воспитување и образование, до детскиот правобранител, народниот правобранител Борис Јокиќ, кој е надлежен за реформи во наставните програми како и до српскиот национален совет, кој единствено одговорил дека е свесен за што станува збор, но и покрај тоа нема реакции.

 

1


Всушност, прво книгата била пријавена од Центарот за граѓанска храброст, но тоа го направиле и голем број родители.

Авторот на книгата не е 10 годишно девојче кое пишува дневник, туку возрасен писател, Стјепан Томаш, како што може да се заклучи од стилот кој ги опишува настаните во Осиек за време на војната.

 

2


Пријавено е следното:

- Дека сите Срби, освен еден за кој се наведува дека загинал како хрватски бранител, се четници односно непријатели;
- Дека на Србите не треба да им се верува ако не се изјаснат против „своите кучиња кои пукаат по нас или нивните мајки“;
- Дека кирилицата е непријателска азбука;
- Дека српската мајка ја напуштила ќерката и побегнала во својата земја, а дека нејзиниот татко „сега е со ангелите“ бидејќи загинал како хрватски бранител;
- Дека наставниците и родителите го одобруваат усташкиот поздрав „За дом спремни“ како и усташките песни;
- Дека некогаш не смеело да се биде верник, а дека во војната и неверниците станале верници;
- Дека непријателите кои со куршуми го годеле неговото тело на крстот, не знаеле што прават...

- И говор на омраза, најлоши родови стереотипи, национална и верска нетолеранција, непријателство кон нерелигиозните, промовирање на нацифашизам.

 

3


„Од наведеното, и скенираните делови од книгата кои ги испраќам како прилог, заклучувам дека романот ги прекршува правата од Конвенцијата на ОН за правата на детето и дека таа и понатаму е дел од основното образование и покрај тоа што е спротивно на Законот за образование и образование во основните и средните училишта и барам да се покрене постапка за да се исфрли од било каков образовен процес бидејќи е штетна за децата, нешто за кое сме сведоци во последните 20 години“, пишува во пријавата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование