Ова утро во Македонија имаме температури кои се малку пониски од вообичаените за овој период од годината. Во утринските часови во крајните западни предели, како и во североисточните и источните предели имаме умерено облачно време, а во останатите предели е претежно сончево и ветровито.
Во претпладневните часови во западните, североисточните, источните и југоисточните предели ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а во останатите претежно сончево. Попладне разведрување и претежно сончево со локална облачност ќе биде насекаде. Ќе дува доумерен засилен западен и северозападен ветер. Минималните температури од 3 до 11 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 13 односно до 25 степени
Во Скопје во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува доумерен засилен северозападен ветер. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна до 23 степени. УВ индекс 8.
Во Македонија во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и малку потопло со максимални температури кои ќе се движат од 17 до 27 степени. Во периодот од петок до недела Македонија ќе биде под влијание на поле на висок воздушен и продор на топла воздушна маса од југ која ќе донесе сончево и надпросечно топло време. Во петок максималните температури ќе се движат од 20 до 29 степени. Во деновите од викендот сончево и топло. Во сабота температури од 22 до 31 степен, а во недела од 24 до 33 степени.
Weather4all.com.mk