X
 28.11.2016 Живот

Неделна временска прогноза



Денес е понеделник, 28 ноември 2016 година, 333-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:33 а ќе зајде во 16:09 часот. Денот ќе трае 9 часа и 36 минути.

Во утринските часови имаме претежно облачно, магловито и топло време, во истчекување на ладната воздушна маса од север како и влажноста и врнежите од дожд од запад и југозапад.

МАКЕДОНИЈА – Денес не очекува нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и постудено време со опаѓање на температурите. Над 1200 метри се очекуваат врнежи од снег. Во текот на денот поради северното воздушно струење температурите ќе бидат во опаѓање, а тоа ќе услови и спуштање на снежната граница, па врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег над 300-400 метри надморска висина каде постојат услови за формирање на мала снежна покривка. Во останатите предели се очекуваат врнежи од дожд. Ќе дува засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 50 км/ч. Утринските температури ќе бидат всушност и максималните и ќе се движат од 4 до 10 степени, а во текот на денот ќе бидат во опаѓање и кон крајот на денот ќе се движат во интервал од -3 до 4 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови не очекува облачно и магловито време. Во текот на денот нестабилно со врнежи дожд, засилен ветер и постудено со опаѓање на температурата. Утринската всушност е и максимална температура од 8 степени, а во минималната се очекува кон крајот на денот и ќе изнесува околу 2 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во вторник во утринските и претпладневните часови облачно со порвејување на снег, попладне постепено ќе престануваат и умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и студено. Утринските температури од -6 до 1 степен, додека пак максималните дневни од -1 до 5 степени. Во среда ледено утро со утрински температури од -9 до -2 степени, а во текот на денот сончево и студено со температури од 1 до 7 степени. Во четврток уште едно ледено утро со температури од -9 до -2 степени, во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди и максимални температури од 2 до 8 степени. Во петок благ пораст на температурите но повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината, утринските од -7 до 0, додека пак дневните од 3 до 9 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност.

http://weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот