X
 22.06.2016 Технологија

Создадени се соларни ќелии 100 пати потенки од влакно

Соларната енергија станува норма на иднината. Таа ја намалува цената на енергијата и со тоа го овозможува брзиот напредок на технологијата. Но, кога станува збор за соларната енергија, треба да размислуваме подалеку од соларните панели и да најдеме начини како да го извлечеме најдоброто од соларната енергија во мали големини. Поточно, треба да ги истражуваме можностите на соларните ќелии.

  

На тоа се фокусирале истражувачите кои ги создале овие нови флексибилни, екстра тенки фотоволтаични ќелии. Овие ќелии биле создадени во Јужна Кореја. Тие може да се превиткуваат, да се виткаат околу пенкало или нешто помало. Овие ќелии се дебели околу 1 микрометар. Тоа ги прави многу, многу потенки од човековото влакно - кое е дебело 10-200 микрометри. Стандардните фотоволтаични клетки може да бидат стотици пати подебели.

Оваа карактеристика им дава на ќелиите потенцијал за користење на електрониката, како паметните очила и слично. Тимот го создал материјалот користејќи полуспроводен материјал, галиум арсенид, со што се ставале ќелиите директно на флексибилна подлога, а потоа ќелиите биле споени со електродата на подлогата. Во тестирањата на истражувачите било покажано дека ќелиите може да се превиткаат на радиус од 1,4 милиметри.

„Потенките ќелии се помалку нежни при превиткувањео, но функционираат слично или дури и подобро“, изјавуваат истражувачите.

Научниците не работат само на намалување на димензиите на соларните панели, туку и на зголемувањето на нивната ефективност. Изминатата година, научници од универзитетот „Стенфорд“ создале соларни ќелии кои може да апсорбираат значително повеќе сончева светлина од традиционалните панели.

Токму изминатиот месец, истражувачи од Австралија направиле рекорд во соларна ефикасност градејќи фотоволтаични ќелии кои може да собираат повеќе од една третина од сончевата енергија без концентратори.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија