X
 11.07.2016 Култура

Шведска им плаќа на средношколците 170 евра месечно за да присуствуваат на часови

Дали знаевте дека...?


Шведска им плаќа на средношколците 170 евера месечно за да присуствуваат на часови. 

Шведска забрани тепање и други насилни закани кон децата во 1979.

Постои голф клуб кој се наоѓа на границата измеѓу Шведска и Финска: половина од дупките се во едната земја, а другата половина во другата земјата.

89% од Швеѓаните зборуваат англиски.

Рекламирање за деца под 12 години е илегално во Норвешка и Шведска.

Абортусот, доколку е поради полот на бебето, е дозволен во Шведска.

Од средниот век па се до 1809, Финска беше дел од Шведска.

На Шведска и снема ѓубре, па затоа увезува од Норвешка.

Групата АББА носеле смешни костуми за да го избегнат данокот, бидејќи тој дозволувал облека која не се користела во секојдневниот живот.

Шведскиот јазик не бил официјален јазик на Шведска се до 2009.

Секоја година после 1966, во градот Гавл, за Божиќ се изградува џиновска коза направена од слама, и скоро секоја година хулигани ја запалуваат.

Во Шведска, родителите имаат право на 480 дена платен родителски одмор веднаш по раѓањето на детето, или при посвојување.

Официјалниот Твитер профил на Шведска се дава на случаен жител секоја недела да го користи.

За да го установат здравствениот ефект на кафето, кралот Густав 3 пресудил смртна казна на пар близнаци, едниот да пие 3 ѓезвиња кафе а другиот да пие чај до крајот на животот.

Кралот Чарлс 16ти имал тетоважа која велела „Смрт за кралевите“.

Во Бразил, само 43% од возрасните имаат средношколска диплома. Во Шведска тие се 87%.

Шведска и Норвешка формираа соединето кралство од 1814 до 1905.

Во Шведска, Австрија, Норвешка, Германија и Финска постојат универзитети кои нудат предавања на англиски за интернационалните студенти. Исто така овие универзитети не бараат финансиска партиципација.

Стокхолм, главниот град на Шведска, е изграден на 14 острови, а центарот на градот е виртуелно поставен на вода.

99% од Евреите од Данска го избегнаа Холокаустот бидејќи Данците организираа огромна евакуација во неутралниот дел на Шведска.

Не смеете да му дадете име на вашето дете како „Икеа“ или „Елвис“.

Во 2011, човек беше уапсен бидејќи поделил атом во неговата кујна.

Поранешен крал, Ерик од Помераниа, станал пират откако го изгубил престолот.

Шведските крводарители прво добиваат порака „Благодарам“ откако ја донираат крвта, но исто така добиваат порака кога нивната крв е користена на некој друг.

Шведска има поголем број на жители-странци кои се родиле во Шведска отколку САД.

На 3ти септември 1967, насоката на возење во Шведска се смени од лево кон десно.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура