X
 31.10.2016 Култура

Хавајската азбука има само 13 букви – малку познати факти за Хаваите

Хаваите се сојузна држава на САД и се група острови во Тихиот океан. Главен град е Хонолулу.

хаваи


Прочитајте 12 факти за нив што ќе Ве изненадат:

1. Хаваи е единствената држава на САД со мнозинство од Азиски Американци, 58%.

2. Хавајската азбука има само 13 букви.

3. Најголемиот земјотрес што се случил таму е во 1868 година и тие потреси сѐ уште се анализираат.

4. На Хаваите, Вермонт и Алјаска билбордите се забранети.

5. На Хавајските острови во периодот од 2012 до 2015 година умирал по еден турист неделно во просек.

6. Монт Еверест не е највисокиот врв во светот. Мауна Кеа на Хаваи е околу 1 километар повисок од него.

7. Во 1993 Конгресот на САД и претседателот Клинтон се извиниле за соборувањето на Хавајското Кралство во 1893 година и признале дека Хаваите се соединиле со САД незаконски.

8. На оваа група острови нелегално е да поседувате хрчак.

9. Јапонските Шинто свештеници таму, на Џорџ Вашингтон му се поклонуваат како на Бог.

10. Мунгосите биле донесени на Хаваите во 1883 година за контрола на стаорците. Сепак, стаорците се ноќни, а мунгосите дневни животни. Државата сега има проблем и со двата вида.

11. Пред колумбиската размена (периодот на размена на ресурси меѓу новиот и стариот свет) немало ананас на Хаваите. До тогаш и Флорида била без портокали, Еквадор без банани, Ирска без компир, Колумбија без кафе, Италија без домати, а Швајцарија без чоколадо.

12. Барак Обама е роден во Хонолулу, Хаваи и е прв претседател на САД од таа држава.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура